• Иван Димовски
Басконија ја направи првата тренерска смена во новата сезона на Евролигата, откако му врачи отказ на Паоло Галбијати и веднаш го назначи Велимир Перасовиќ за негов наследник. Хрватскиот стратег се враќа во Виторија по четврти пат во кариерата, а соработката со клубот ќе ја продолжи до 2028 година.
Галбијати ја презеде Басконија во август 2025 година и минатата сезона го предводеше тимот до трофејот во Купот на Кралот, но лошиот почеток на новата европска кампања му пресуди. Баскијците по првите пет кола во Евролигата имаат само една победа и четири порази, а последните два неуспеси ги забележаа на домашен терен против Бешикташ со 92-84 и Дубаи со 93-79.
Перасовиќ веднаш ќе се соочи со првиот предизвик, бидејќи Басконија во петок од 20:30 часот гостува кај Виртус во Болоња, во рамките на Евролигата.












