Падна потпис на Пиреја, Принтезис останува во Олимпијакос

Принтезис

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос официјално потврди дека ја продолжи соработката со ветеранот Јоргос Принтезис.

Искусниот кошаркар потекнува од школата на клубот од Пиреја, за кој дебитираше во далечната 2001 година. Сега на 35-годишна возраст се обврза на нов договор во должина од една година.

Само три сезони од својата професионална кариера грчкиот репрезентативец играше надвор од Олимпијакос. Една сезона беше дел од Олимпија од Лариса, а две во Уникаха од Малага.

Неодамна доби големо признание за својата игра во Евролигата во последната декада. Со одличните настапи и двете шампионски титули, тој се најде во тимот на последните десет години во елитното клупско натпреварување.

Оваа официјализација значи дека Принтезис е подготвен за 16-та сезона во дресот на „црвено-белите“.