Падна договор, Тајрон Лу пред промоција за тренер на Клиперси

Договор веќе е постигнат и недостига само официјализација - Тајрон Лу ќе биде промовиран во нов стратег на Лос Анџелес Клиперс и наследник на Док Риверс. Човекот кој како играч двапати дојде до шампионскиот прстен со Лос Анџелес Лејкерс, во 2000 и 2001 година, ќе се обиде со Клиперси да ги повтори истите успеси.

Лу треба да потпише петгодишен договор со Клиперси, а ќе дојде со свој тим на асистенти и соработници.

Покрај за „езерџиите“, Лу настапуваше и за Вашингтон, заедно со Мајкл Џордан, Орландо, Хјустон, Атланта, Далас и Милвоки.

Целта на младиот тренер е да ги задржи најскапите ѕвезди на екипата и да го нападне тронот, на кој од пред неколку дена седи градскиот ривал, Лос Анџелес Лејкерс.