• Мартин Танасковски

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс се согласил на двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 104 милиони долари, објави Адријан Војнаровски од „ESPN“.
Последната година од договорот е опција за играчот, што значи дека Леброн Џејмс избира дали ќе се активира или ќе стане слободен агент. Исто така, во договорот има клаузула која им забранува на Лејкерси да го трејдуваат Леброн Џејмс.
Неодамна Џејмс го одби автоматското продолжување на договорот и сакаше да земе помала плата за тимот да донесе нови играчи и да биде поконкурентен, но сите опции на Лејкерси пропаднаа.
Наскоро Леброн ќе испише историја во НБА-лигата и ќе игра со својот син Брони Џејмс, со што двајцата ќе бидат првиот тандем татко-син кој играл во најквалитетната светска кошаркарска лига.