Пад за 11 места на Македонија на ФИБА листата, Шпанија и покрај златото во Кина сè уште втора

Македонската кошаркарска репрезентација на Македонија забележа пад од 11 места на најновата ранг-листа на ФИБА која беше објавена утрово. 

По завршувањето на Светското првенство во Кина, ФИБА ја објави листата на најдобри селекции во светот, а за нашите репрезентативци беше резервирано 53. место. 

Интересно е тоа што нема промена на врвот. Шпанија и покрај светската круна не успеа да ги симне САД од лидерската позиција, но ја намали негативата на само 55 поени, додека огромен скок забележа Австралија, која од 11. место сега е на третото. 

Листата на најдобрите 15 кошаркарски сили на светот: