Пабло Ласо добива понуда за нов договор од Реал Мадрид

Пабло Ласо

Екипата на Реал Мадрид се надева дека по петти пат ќе постигне нов договор со тренерот Пабло Ласо.

51-годишниот стратег осум сезони е дел од „кралскиот“ клуб и се очекува да потпише продолжение на соработката до 2021 година. Тоа значи дека Шпанецот ќе остане во Мадрид уште најмалку две сезони.

Заедно со „кралевите“ тој освои 12 титули во последните осум години. Двапати се радуваше на Евролигата, а по пет пати ги освои титулите во домашното првенство и Купот.

Доколку остане до крајот на 2021 година, Ласо ќе го повтори успехот на Лоло Саинц, кој е единствениот тренер со двоцифрен број на сезони на клупата на Реал.