• Сашо Поповски

Квалификациите за Светското првенство 2023 се ближат кон својот крај. Некои репрезентации веќе обезбедија пласман на Мундобаскетот, а други се на чекор од остварување на зацртаната цел.
Девет селекции од Европа имаат „виза“ за светскиот собир. Тоа се Финска, Германија, Летонија, Грција, Италија, Шпанија, Словенија, Литванија и Франција.
Филипини и Јапонија сигурно ќе ги гледаме на СП 2023 бидејќи се домаќини. Пласирани се уште и репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска, Нов Зеланд, Либан, Канада, Австралија и Кина.
Мундобаскетот наредната година ќе се одржи од 25 август до 10 септември. Ждрепката за изгледот на групната фаза ќе се одржи во Манила во март наредната пролет.