Ова не се гледа секој ден: Kош преку цел терен во ПОСЛЕДНАТА секунда (ВИДЕО)

Неверојатен момент се случи во шпанската кошаркарска АЦБ лига, каде видовме кош каков што не се гледа секој ден во овој спорт. 

Екипите на Морабанк Андора и Баскет Џирона се сретнаа во натпреварот од третото коло, а кога гостите беа на само чекор од победа, се случи нешто навистина неверојатно. 

Андора имаше три поени негатива, а на семафорот останаа само 1,3 секунди. Топката дојде до искусниот Бразилец, Рафа Луз, кој буквално ја фрли топката преку целиот терен и успеа да погоди за израмнување кое го одведе мечот во продолжение. 

Овој маестрален погодок на Луз донесе вистинска експлозија на трибините, а потоа домаќините успеаја да дојдат и до победа со конечен резултат 115-113. 

За Андора ова беше прва сезонска победа, додека Баскет Џирона останува со три последователни порази во домашното првенство.