ВИДЕО: Ова е едно од најлошите слободни фрлања во историјата на НБА

Денвер го совлада тимот на Мемфис со 119-110 во „Пепси Центар“ за одржување чекор со лидерот на западот Лејкерс. Сепак на овој дуел имаше комична ситуација, кога Мејсон Пламли изведе едно од најлошите слободни фрлања во историјата. 

Често видено е играч да не шутне доволно силно и топката да не стигне до обрачот, но во случајот на кошаркарот на Нагетси, силата беше добра, но не беше прецизно. Пламли успеа да го промаши обрачот и погоди „бунар“. 

  • Слободното фрлање на Пламли: 

Ова е дефинитивно меѓу најлошите слободни фрлања кои сте ги виделе.