Откако „Најк“ не му ја исполни желбата на Леброн, Дејвис ја доби бројката на дресот на Лејкерси 

Леброн Дејвис

Откако спортската компанија „Најк“ не му ја оствари желбата на Леброн Џејмс да му ја отстапи својата бројка на новиот соиграч, Ентони Дејвис во новата сезона на својот грб ќе ја носи „тројката“.

Иако „Кралот“ сакаше да му ја подари „23-та“ на новиот центар на Лејкерси, „Најк“ не дозволи такво нешто, со образложение дека ќе претрпе милионски загуби. 

Така, Ентони Дејвис мораше да бира нова бројка, па на крај се одлучи за „3“, потврди тимот од Лос Анџелес на социјалните мрежи.