• Саше Љолес
Гордон Херберт добива нов интернационален ангажман и наскоро ќе ја преземе репрезентацијата на Канада.
Селекторот кој ја одведе Германија до светската титула важи за еден од најдобрите стратези во светот и од него се очекува да ја одведе Канада на Олимписките игри кои за три години ќе се одржат во Лос Анџелес.
Херберт ќе ја преземе репрезентацијата на почетокот на 2026 година, а во исто време паралелно ќе работи и во екипата на Баерн Минхен. Канада во моментов е трета селекција на листата на ФИБА, а на минатото Светско првенство се закити со бронзениот медал.
Новиот селектор има канадски корени, а претходно работеше во оваа селекција како асистент во периодот меѓу 2001 и 2002 година.
