• Саше Љолес

Екипата на Бадел 1862 продолжува да го составува ростерот за новата сезона, а важен потег во таа насока е продолжувањето на соработката со Линдзи Клири.
Американката минатата сезона се покажа како едно од клучните засилувања на тимот, особено со игрите под кошевите.
Најдобра потврда за нејзиниот придонес се просечните 10,5 поени и 14,5 скока по натпревар, со што оствари дабл-дабл учинок во текот на целата сезона.