Остин Холинс ја напушти Црвена Звезда и се сели во Израел

Искусниот 30-годишен Американец, Остин Холинс, ја напушти Црвена Звезда и кариерата ја продолжува во Израел. Крилниот напаѓач од следната сезона ќе игра за Макаби Тел Авив.

Според тамошните медиуми, Холинс потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште дванаесет месеци.

Американецот минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот на Црвена Звезда. Просечно постигнуваше по 8,1 поен по натпревар во Евролигата и 9,1 во АБА лигата.

Холинс „црвено-белиот“ дрес го облече минатата година кога дојде од Зенит. Со Црвена Звезда освои три трофеи: АБА лигата, првенството и Купот на Србија.