• Мартин Танасковски
Светското првенство во кошарка ќе се игра пред крајот на 2023 година во месец септември, а само уште едно слободно место остана за екипите од светот. Фаворит за него е Србија, а нејзин „противкандидат“ е Белгија.
Србите во последното коло од евроквалификациите играат против Велика Британија. Сами ја имаат судбината во свои раце, со победа над аутсајдерот на хартија ќе обезбедат место на СП 2023 во Индонезија, Јапонија и Филипини.
- Досега, на СП 2023 место обезбедија:
Грција, Шпанија, Франција, Словенија, Германија, Италија, Литванија, Летонија, Црна Гора, Финска, Грузија, САД, Канада, Бразил, Доминиканска Република, Мексико, Порторико, Венецуела, Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Јордан, Либан, Нов Зеланд, Филипини, Ангола, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска, Египет и Јужен Судан.
Натпреварот меѓу Србија и Велика Британија се игра од 20:00 часот.