• Мартин Танасковски
Панатинаикос стана шампион на Грција со луда победа во серијата над Олимпијакос. „Детелинките“ губеа со 0-2 во мечевите, но на крајот триумфираа со 3-2.
Еден од главните играчи во тимот беше искусниот Костас Слукас, но важна улога играше и Кендрик Нан од САД. Бекот дури и остана без три заби во последниот натпревар, објави фотографија на социјалните мрежи.
Веднаш по 40-тата титула на Панатинаикос, Нан замина на заболекар за да ги поправи забите.