Осман пропушти да ги шокира Американците, „дрим-тимот“ со судни маки ја доби Турција

Големиот фаворит на Светското првенство во Кина, репрезентацијата на САД, со големи проблеми запиша втора победа во групната фаза. Турција го намачи „дрим-тимот“ на Грег Попович (93-92) и беше блиску до изненадување, но во завршницата остана без сили за голем резултат.

НБА ѕвездите постојано беа во позитива, но неочекувано наидоа на проблеми во последните неколку минути. Турците стигнаа до егал и израмнија на 74-74, па до последните моменти се играше за победата.

  • Играч на натпреварот: 

Искусниот Иљасова најпрво поентираше, а потоа го украде лошото додавање на Мичел за да обезбеди предност за Турција на 12 секунди до крајот. 

Џејсон Татум беше сигурен двапати и пропушти можност да обезбеди триумф. Тоа донесе продолжение од пет минути кое сепак со многу проблеми им припадна на американските репрезентативци. Сензацијата ја избегна Крис Мидлтон со две прецизни слободни фрлања за конечни 93-92.

  • Извештај од натпреварот: 

За споменување се промашените „пенали“ на Осман кои ќе донесеа +3 за турскиот национален тим во последните секунди од мечот. Мидлтон со 15 и Вокер со 14 ги предводеа соиграчите на листата на стрелци.