Осман: Панатинаикос има две квалитетни екипи кои може да играат на Ф4

Панатинаикос пред почетокот на сезоната се сметаше за главен фаворит за освојување на Евролигата, а и понатаму е така. Така размислува и најголемото летно засилување на „зелените“, Џеди Осман.

По триумфот против Баерн, Осман во интервју истакна дека тимот има голем број на квалитетни играчи.

„Мислам дека сите играат цврсто. Имаме одличен тим. Тоа е добро кога имаш многу одлични играчи. Имаме веројатно 14 играчи и ако ги поделите на два тима, и двата би играле на фајнл-фор турнирот“, рече родениот охриѓанец.

Осман не ја започна баш најдобро оваа сезона во Евролигата. Во два меча тој имаше просек од пет поени и еден скок.