Осман ја водеше Турција до пресврт победа над Црна Гора

Репрезентацијата на Турција одигра најдобро во последните десет минути и успеа да стигне до пресврт победа против Црна Гора (79-74). Долго време, Црногорците го контролираа резултатот и беа во поволна позиција за триумф, но на крај дозволија еден лош период да им го уништи попладнето.

Звездан Митровиќ беше задоволен од изданието на своите кошаркари во првиот дел. Во истиот беше остварена предност од +6, која дополнително се зголеми во третата четвртина.

Меѓутоа, Турците заиграа подобро во завршницата и се изборија за пеколен финиш. Слободните фрлања беа одлучувачки фактор за победата, а истите ги постигнаа Вилбекин и Махматоглу.

Охриѓанецот Чеди Осман беше прво име во својот тим со 19 поени, а кај црногорската репрезентација се истакна Никола Вучевиќ со 20 поени.