• Горан Упале
Белградските вечни ривали ќе ги играат своите натпревари од десеттото коло на Евролигата в петок. Први на терен ќе истрчаат Партизан Mozzart Bet кои од 18.30 ќе се судрат со Ефес во Истанбул.
„Црно-белите“ играат доста променливо без капитенот Кевин Пантер, кој пак нема да игра, како ниту Алекса Аврамовиќ кој на гостувањето кај Цедевита Олимпија го скрши носот. Шампионот на Јадранската лига значително ослабен веќе во Љубљана покажа дека игра тешко без главните играчи.
Ниту Ефес веројатно нема да смета на Шејн Ларкин, од претходно го нема Брајант, а во минатото коло не играше ниту Тибор Плеис, па сега е прашање кој ќе се снајде подобро. Ефес во последните три седмици се крена, единствен пораз има на гости кај Олимпија во Милано. Од друга страна Партизан Mozzart Bet има само еден триумф во последните четири натпревари, што става дополнителен притисок на екипата пред ова гостување. Минатата сезона „парниот ваљак“ славеше во двата дуели, во Истанбул дури и убедливо (97:84), но тоа во моментот беше екипа која фати ритам пред четвртфиналето. Сега околностите се поинакви, па големо прашање е дали можат да го повторат успехот. Поради фактот дека ниту едната, ниту другата екипа не се премногу силни во одбрана, треба да бркате поени – плус.
Сите квоти во МОZZART за натпреварите од Евролигата
Црвена Звезда го преброди поразот во Пиреја со убедливото издание против Морнар во „Пионир“, а сега на паркетот на белградската „Штарк Арена“ ќе го дочека стариот должник. Олимпија не загубила од Србите веќе пет натпревари, вкучувајќи ги и претходните три гостувања в Белград. Претходните два дуели завршија со тесни победи на Италијанците, па реално е да се очекува средба на еден или два поседи разлика и сега.
Постојат индиции дека Шабаз Нејпиер може да се врати на паркетот против поранешниот клуб, Марко Симоновиќ е веќе тука и ја бара формата, а се чекаат Адам Ханга и капитенот Бранко Лазиќ. Ниту „манекените“ не се во најдобар здравствен момент. Били Берон нема да игра до средината на декември поради операција на лактот, додека Кевин Пангос е на прагот на трансфер во Жалгирис.
Дали е време низата порази на Црвена Звезда со Олимпија да престане? Дефинитивно да. Звезда под Јанис Сферопулос изгледа многу подобро, Фенербахче настрада во Белград со 31 поен разлика и тоа може да биде добар поттик за екипата за конечно да слави над тимот на Хектор Месина. Кецот е прва опција, играјте и на помал број поени.
Олимпијакос се крена со две последователни победи, го доби Наза Митру Лонг од Жалгирис, а токму литванскиот гигант гостува во Пиреја. Моментално ги дели една победа на табелата во Евролигата, но тука очекуваме триумф на домаќинот. Во средбата на Басконија и Монако е сè можно, сепак треба да се земе в предвид дека тимот од Баскина не е поразен во Евролигата откако дојде Душко Ивановиќ. Тимот на Саша Обрадовиќ исто така сака брејк по два порази. Монако во последните години знаеше да излезе на крај со Басконија, серијата на шпанскиот тим мора некогаш да запре, па зошто да не се обидете со двојка?