ВИДЕО: Орландо не ја казни грешката на Дончиќ, нова победа за Далас Маверикс

Можеби не запиша „трипл-дабл“ како пред неколку дена, но Лука Дончиќ пак беше херој на Далас Маверикс. Младиот словенечки ас блесна во победата на Далас над Орландо со 107-106. Драматчниот финиш можеше да го направи трагичар, откако лошо додаде и дозволи Орландо да има напад за победа, но шутот на Никола Вучевиќ за три поени беше непрецизен.

Дончиќ крај своето име запиша 27 поени, седум скока и седум асистенции за петта победа во седмиот меч сезонава за Далас. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Ме спаси нашата одбрана, инаку последниот напад не го одиграв како што треба“, рече Дончиќ по триумфот на Далас.

Сепак, почетокот на сезоната потврдува дека за разлика од минатата сезона Далас сега има тим кој ќе го напаѓа плеј-офот.