• Горан Упале
Шекил О'Нил по завршувањето на богатата играчка кариера сè почесто е на медиумскиот простор, а неговите изјави често ја делат јавноста. Таква е и последната во која популарниот Шек ја избра идеалната НБА петорка на сите времиња.
Шек во интервју за „Билд“ го остави Леброн Џејмс надвор од петте најдобри на сите времиња.
„Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Мелоун и јас“.
Кога го прашале да го објасни својот избор, Шек одговорил:
„Одредени играчи доминираа во лигата во различни моменти од мојот живот. Како дете, им се восхитував на играчите како Џулиус Ирвинг, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Лери Бирд“.
О'Нил на крај заклучи дека според него Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња.