Омри Каспи по деценија мината во НБА лигата се врати во матичниот Макаби

Еден од најтрофејните кошаркарски колективи во историјата на стариот континент, Макаби Тел Авив, доведе уште едно засилување. Омри Каспи ја прифати понудата на Макаби и се врати во матичниот клуб, во кој во 2005 година ја започна кариерата. Израелецот преку барата дебитираше во Сакраменто Кингс, клуб кој го одбра како 23-ти пик на драфтот пред десет години.

Покрај за „кралевите“, Каспи настапуваше иза Хјустон, Кливленд, Њу Орлеанс, Минесота, Голден Стејт и во Мефис. Израелскиот репрезентативец со Макаби потпиша тригодишен договор за кој ќе добива 3,4 милиони евра по сезона.

Во завршна фаза се преговорите со уште еден НБА кошаркар, Џериан Грант, кој по настапите за Њујорк, Чикаго и Орландо се согласи да се пресели во Европа и да го облече жолтиот дрес на израелскиот гигант.