Олимпискиот кoшаркарски турнир во Лос Анџелес ќе започне пред отворањето на игрите

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година ќе започне два дена пред церемонијата на отворање на 14 јули, соопшти Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

„Ова прилагодување овозможува четвртфиналните натпревари да се играат во текот на два дена, а исто така ниту еден натпревар нема да започне пред 12:00 часот, подобрувајќи го целокупното искуство за играчите, тимовите, навивачите и коментаторите“, соопшти ФИБА по состанокот на Извршниот одбор.

Според прелиминарната верзија на распоредот на натпреварите, објавена од организаторите на Олимписките игри, натпреварот за бронзен медал и финалето ќе се играат на 29 и 30 јули. Натпреварувањето во кошарка ќе се одржи во стадионот „Инглвуд“, а машките и женските репрезентации на Соединетите Американски Држави ќе се обидат да ги одбранат своите титули од Париз.