• Александар Ковачев
Кошаркарите на Олимпијакос загубија на гостувањето во Бамберг кај Бросе Баскет со 72-71. Денешниот меч беше еден од клучните натпревари за пласман во наредната рунда за „црвено-белите“ од Пиреја, кои иако во поголемиот дел од мечот го диктираа темпото, на крајот загубија.
Во првите 20 минути и двете екипи се менуваа во водство, а на одмор со предност заминаа домаќините од 38-37. Во третата четвртина Грците имаа и +10 (43-53), водство кое го одржуваа до самиот крај на мечот. Во последните две минути влегоа со високи +6 (63-69), но и тие се покажаа како недоволно за денешна победа. Тројката за победа на Бросе Баскет ја постигна Стрелникс на 4 секунди до крајот, поставувајќи ги конечните 72-71.
Најефикасни во победничката екипа беа Ванамакер и Леон Радошевиќ со по 11 поени. Во поразениот Олимпијакос најдобар поединец беше Принтезис со 19 поени. Во следното коло Олимпијакос го пречекува Жалгирис, а Бросе Баскет повторно игра на домашен терен, овој пат против Химки.