Олимпијакос со звукот на сирената се засили со нов крилен центар!

Екипата на Олимпијакос во последните мигови од завршувањето од преодниот рок успеа да ја засили крилната центарска позиција со ангажирањето на Хаким Ворик. 

Грчкиот тим во текот на вчерашниот ден имаше неколку неуспешни обиди да во своите редови го доведе искусниот италијански кошаркар, Андреа Барњани, и на крајот се одлучи да потпише договор со некогашниот НБА играч, кој настапуваше за австралискиот тим Мелбурн Јунајтед.

33-годишниот поранешен играч на Мемфис, Милвоки, Чикаго, Феникс, Њу Орлеанс и Шарлот оваа сезона имаше одличен просек во тимот од Мелбурн, постигнувајќи по 11,9 поени, дополнувајќи со 5,6 скока по натпревар.