Олимпијакос со победа над лидерот го заврши регуларниот дел во Евролигата

Екипата на Олимпијакос го заврши регуларниот дел во Евролигата со победа над актуелниот лидер Барселона (73-66) и така веќе го знае конечниот пласман.

Клубот од Пиреја го одбрани домашниот терен и така сигурно е дека нема да заврши под третото место на табелата. Се ќе зависи од резултатот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен следната седмица.

  • Олимпијакос - Барселона 73-66:

Иако губеше во првото полувреме (33-40), Олимпијакос одигра маестрална трета четвртина во која прими само осум поени и така го сврте мечот во своја корист. Мекисик со 20 поени беше најдобар кај победникот, пред Везенков со 13 поени, а кај Барселона најдобар беше Санли со 13 поени, додека Миротиќ даде 11 поени.

  • Анадолу Ефес - Алба Берлин 87-77:

Анадолу Ефес очекувано победи над домашен терен против Алба Берлин (87-77). Ларкин имаше одличен натпревар со 28 поени, а неговиот добар учинок не успеаја да го неутрализираат Да Силва и Ло кои за Алба дадоа дваесет, односно 15 поени.

  • Басконија - Жалгирис 96-79:

Сигурен триумф забележа и Басконија против Жалгирис (96-79). Енох со 18 и Гиедратис со 17 беа најдобри кај домаќинот, додека кај тимот од Каунас, Лекавичиус даде 20 поени. Убедливо славеше и Баерн Минхен во натпреварот со Црвена Звезда (82-57) и така ги откажа белграѓани од битката за плеј-офот.

  • Баерн Минхен - Црвена Звезда 82-57: