Олимпијакос со пеколна завршна четвртина го освои Каунас

Слукас

Олимпијакос продолжи да прави притисок врз водечката двојка во Евролигата и победи на гости кај Жалгирис (73-84) во натпревар од 19. коло.

Грчкиот претставник го доби и второто соочување со литванскиот првак оваа сезона. Овојпат на гостински терен и тоа со убедливо издание во последната четвртина. До тој момент името на победникот беше неизвесно и се играше егал дуел.

Првиот дел не донесе предност за ниту една екипа, третата четвртина заврши со минимална предност за домашните, а на крај одлучи подобрата офанзива на тимот од Пиреја во завршницата. Папаниколау со 18 и Везенков со 16 поени беа лидери кај победничката екипа, а кај Жалгирис се истакна Небо со 17 поени.

Литванскиот тим останува во долниот дел на табелата, а Олимпијакос застана на третото место, зад Барселона и Реал Мадрид.