Олимпијакос слави во Минхен, Хајнс спречи пресврт на ПАО

Олимпијакос ја продолжи серијата победа на гости кај Баерн Минхен (88-98) во натпревар од 28. коло од Евролигата. Грците одиграа доминантно во третата четвртина и направија клучна разлика која им донесе нови бодови на контото.

Првиот дел беше неизвесен и заврши во полза на германскиот претставник. Во остатокот од мечот царуваше гостинската одбрана, која го одлучи прашањето на победникот. Дорси со 25 поени беше најзаслужен за славјето на тимот од Пиреја.

  • Баерн Минхен - Олимпијакос 88-98:

Кајл Хајнс беше човек на одлука за Олимпија Милано во минималниот триумф кај Панатинаикос (75-76). Американскиот кошаркар погоди едно од двете слободи фрлања во последните секунди и ги израдува гостите од Италија.

  • Панатинаикос - Олимпија Милано 75-76:

ПАО направи обид за пресврт во последниот квартал, но не успеа во својата намера. На крај немаше среќа да го сопре тимот кој е во самиот врв на евролигашката табела. Недовиќ запиша 19 поени и беше прво име кај домаќинот, а Дилејни со 15 поени се истакна кај победничката екипа.