• Саше Љолес
Грчкиот кошаркар Никос Плотас е ново засилување на Олимпијакос, потврди актуелниот европски шампион.
22-годишниот Плотас стави потпис на петгодишен договор со еден од најдобрите грчки клубови. Плејмејкерот зад себе има одлична сезона, во која беше прогласен за најдобар млад играч во грчкото првенство.
Плотас минатата сезона настапуваше за Промитеас. Во домашниот шампионат просечно постигнуваше 5,5 поени, со 1,8 скока и 1,2 асистенции по натпревар. Во Лигата на шампионите имаше просек од 4,7 поени и 1,1 скок. Олимпијакос со ангажманот на Плотас продолжува да инвестира во млади грчки кошаркари, а тој ќе има можност да се докажува и на највисоко европско ниво.
Тимот од Пиреја новата сезона во Евролигата ќе ја започне на 24 септември, со гостување кај Басконија.






