Олимпијакос се засили на центарската позиција: Шон Џејмс е новото име на грчкиот шампион

Екипата на Олимпијакос со ново засилување на центарската позиција. Американскиот кошаркар Шон Џејмс, потпиша договор со вицешампионот на Европа, кој ќе има важност до крајот на сезоната.

Џејмс има 32 години, висок е 208 см. и оваа сезона настапуваше за екипата на Билбао. Во Еврокупот, каде се натпреварува баскискиот тим, Американецот имаше просек од 8,4 поени, 5,3 скока и 2,1 блокади. 

Новото засилување на Олимпијакос, минатата година ја помина во екипата на Емпорио Армани, а претходно три сезони беше член на Макаби. Олимпијакос моментално е прв во групата Б од Евролигата со скор од 7 победи и 1 пораз.