Олимпијакос предводен од ѕвездите ја заврши домашната со „кралевите“

Олимпијакос запиша нова победа над Реал Мадрид во Пиреја (77-71) и така им се приклучи на Фенербахче и Монако кои имаат по две победи во четвртфиналните серии во Евролигата и се на една победа пред Ф4-турнирот.

Црвено-белите уште еднаш славеа над кралскиот клуб и си ја завршија домашната задача. Сега следат две средби во Мадрид, каде ако Реал Мадрид ги добие и двете, ќе следи „мајсторка“ на грчко тло.

Задачата за Олимпијакос си ја завршија двете ѕвезди Саша Везенков и Еван Фурние, а на кралскиот клуб му пресуди серијата од 22-4 во второто полувреме, кога Олимпијакос од 45-52, замина на 67-56.

Везенков беше прв стрелец кај тимот со 22 поени, Фурние имаше 17 поени. На Реал Мадрид не му помогна добрата партија на Хезоња со 22 поени.

Единствената четвртфинална серија која понуди брејк и резултат 1-1 по првите два меча е онаа меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес.