• Саше Љолес

Грчкиот кошаркарски гигант, Олимпијакос, веќе прави сериозни планови за следната сезона и наскоро се очекува потврда на два важни трансфери.
Управата сака што порано да има слика за ростерот кој догодина ќе се натпреварува на највисоко ниво, а првите две засилувања најверојатно ќе пристигнат од Жалгирис и Фенербахче.
Се работи за Кинан Еванс, кој сезонава бележи одличен учинок од 17,3 поени во дресот на Жалгирис, а второто пополнување би требало да биде Тајлер Дорси од Фенербахче. Американско-грчкиот плејмејкер е на излезните врати во турскиот клуб и веќе преговара со Олимпијакос, а потврдата за потписот се очекува до крајот на април.
Дорси веќе беше член на „црвено-белите“ во сезоната 2021/22, а навивачите сигурно би биле презадоволни од неговиот ангажман.