• Иван Димовски
Олимпијакос поднесе официјална жалба до Евролигата поради гестот на Кендрик Нан за време на грчкото дерби со Панатинаикос во 29. коло на натпреварувањето.
Американскиот кошаркар беше добро затвоерн на тој меч, го заврши со само седум поени и беше видно револтиран. По едно забивање во вториот дел Нан во прославата ги кренал двете раце и покажал со средните прсти.
Поради тоа Олимпијакос официјално вложи жалба за американскиот кошаркар. Ако се утврди вина, Евролигата може да го казни Нан со суспензија.
Инаку, конечниот резултат на средбата беше минимален триумф на Олимпијакос од 76-74.