Олимпијакос пазари од ЦСКА: Боломбој пристигна во Пиреја

Американскиот кошаркар Џоел Боломбој е нов член на Олимпијакос, потврди грчкиот клуб.

Боломбој потпиша едногодишен договор со Олимпијакос, а во Атина пристигнува од ЦСКА Москва, каде ги мина претходните четири сезони. Со московјаните ја освои Евролигата во 2019 година, а учествуваше и на „фајнал-фор“ турнирот во 2021 година.

Минатата сезона Боломбој имаше просек од 5,9 поени и 4,1 скока по натпревар во Евролигата, додека во ВТБ лигата бележеше 7,2 поени и 3,6 скока по натпревар.

Боломбој професионалната кариера ја започна во Јута во НБА лигата, а во најсилната лига на светот настапуваше и за Милвоки.