• Иван Димовски

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос ќе поднесе тужба против навивачите на Панатинаикос поради скандал кој се случи за време на третиот меч од финалето на првенството во Грција.
Станува збор за инцидент кој се случи на 9,5 секунди пред крајот, а во тие моменти навивачите на ПАО расистички го навредуваа Ајзеа Кенан од противничкиот состав. Еден фан кој седеше во првите редови имаше директни расистички навреди кои Кенан ги забележа и само саркастично му аплаудираше.
Олимпијакос поседува снимка од скандалот и ќе побара од надлежните органи кривична одговорност.
Инаку, Кенан го навлече гневот на навивачите на Панатинаикос за време на вториот натпревар од серијата кога влезе во вербален дуел со Слукас.