Олимпијакос ја краде една од ѕвездите на Црвена Звезда!?

Според информациите на италијанските и грчките медиуми, Олимпијакос е многу блиску до договор со Коди Милер-Мекинтајер за повеќегодишен договор, што отвора реална можност Црвена Звезда да остане без еден од своите најважни кошаркари по завршувањето на сезоната.

Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, а искусниот бек ужива висока репутација поради својата стабилност, разновидност и значајниот придонес и во нападот и во одбраната.

Сепак, од таборот на Црвена Звезда немаат намера лесно да се откажат од својот клучен играч. Клубот веќе разгледува опции како да го убеди Милер-Мекинтајер да остане и во наредната сезона, свесен дека неговото присуство би било од огромно значење за амбициите во Евролигата.

Разврската на ова прашање во голема мера ќе зависи и од резултатите на белградскиот тим во завршницата од сезоната, кои би можеле да имаат влијание врз конечната одлука на кошаркарот.

Во наредниот период се очекува појасна слика околу неговата иднина и дали ќе дојде до трансфер или продолжување на соработката.