ВИДЕО: Олимпијакос го надигра Баерн Минхен и остана во игра за ТОП 8

Кошаркарите на Олимпијакос во рамките на 27. коло на Евролигата на домашен терен славеа важна победа против Баерн Минхен со 89-69 и продолжија да водат битка за пласман во следната фаза.

  • Извештај од натпреварот:

Олимпијакос од самиот почеток тргна силовито и им даде до знаење на гостите дека победата останува во Атина. По крајот на првата четвртина тимот од Пиреја имаше позитива од +10 (20-10), која на полувреме изнесуваше огромни +19 (50-31).

И во третиот период домашните кошаркари играа беспрекорно во одбраната и нападот и само ја зголемуваа својата предност, која кон крајот на третата четвртина достигна максимални +27 (71-44). Најзаслужен за триумфот на „црвено-белите“ беше Зек Лидај со 20 поени, а Никола Милутинов мечот го заврши со 18 поени. Кај Баварците, Петри Копонен беше најефикасен со 15 поени.

  • Потег на натпреварот:

Домашниот терен го искористија и кошаркарите на Барселона, кои ја совладаа Гран Канарија со 93-64 и останаа во трка за четвртото место.

  • Извештај од натпреварот: