• Саше Љолес
Јанис Сферопулос би можел наскоро да се врати на тренерската работа во Евролигата, како предводник на Олимпија Милано. Според италијанските медиуми, грчкиот стратег е меѓу главните кандидати за клупата на италијанскиот гигант, каде што иднината на Џузепе Поета е неизвесна по слабиот почеток на сезоната.
Миланскиот тим не ги исполни очекувањата во воведните натпревари од Евролигата, а поразот од Макаби Тел Авив со 97-79 дополнително го засили притисокот врз стручниот штаб. Раководството на клубот, според пишувањата во Италија, веќе разгледува можни решенија доколку дојде до промена на тренерската позиција.
Сферопулос е добро познато име во европската кошарка. Гркот претходно ги водеше Олимпијакос и Макаби Тел Авив, а последниот ангажман го имаше во Црвена Звезда, од која се раздели во октомври 2025 година. Ако дојде во Милано, ќе му биде тренер и на македонскиот репрезентаивец Мозес Рајт, кој неодамна го облече црвено-жолтиот дрес.
Искуството на Сферопулос во Евролигата го прави интересна опција за Олимпија, која има високи амбиции и сака да се врати во борбата за највисок пласман.
Засега нема официјална потврда дека е постигнат договор со Сферопулос, но доколку се остварат најавите од италијанските медиуми, грчкиот тренер би можел наскоро да добие нов предизвик во елитното европско натпреварување.









