Олимпија Милано се засили со квалитетен британски плејмејкер

Британскиот кошаркар Квин Елис е најновото засилување за италијанскиот евролигаш, Олимпија од Милано. Тој потпиша повеќегодишен договор и беше претставен како дел од визијата за привлекување млади играчи. 

Клубот веќе го потврди трансферот и му посака добредојде на плејмејкерот, од кого се очекуваат успешни настапи во овој дрес. 

Олимпија дополнително ја зацврсти надворешната линија, а пред само неколку дена го доведе и српскиот репрезентативец, Марко Гудуриќ. 

Британецот Елис има 22 години. Во минатото настапуваше за екипата на Тренто, каде остави одличен впечаток и просечно бележеше 10,3 поени, 5,1 асистенција и 4,4 скокови по натпревар. 

ФОТО/PHOTO: Aquila Basket Trento