Олимпија Милано го шокира Фенер, голема победа за италијанскиот првак

Кошаркарите на Фенербахче како големи фаворити ја пречекаа екипата на Олимпија Милано, но не успеаја да ја оправдаат улогата и загубија со резултат 75-82. Ова беше помалку шокантен пораз за турскиот тим кој најавуваше сигурна победа против Милано. 

Гостите беа подобар противник во поголемиот дел од мечот и успеаја да добијат две клучни четвртини, првата и третата, а Фенербахче со повремени блесоци беше близу во мечот, но немаше одговор на одличното издание на италијанскиот тим. 

Шабаз Нејпиер го преводеше Милано со 26 поени, а зад него беше и Луваву-Кабаро кој запиша 19 поени. Гостинскиот тим беше значително подобар противник и заслужено се враќа со победа од тешкото гостување во главниот град на Турција.  

Мотли беше најефикасен во поразениот состав од Истанбул со 22 поена, а му се придружи и Гудуриќ со 19 поени зад своето име. 

Со изненадувачката победа кај Фенербахче, сега Милано е на 13. место во Евролигата, додека Фенербахче останува петти на табелата. Во следното коло на Евролигата екипата од Босфорот ќе биде домаќин на Жалгирис, додека Милано ќе го нагости Баерн Минхен.