• Горан Упале

Екипата на Цедевита Олимпија израмни во полуфиналната серија во АБА лигата против Црвена Звезда (1-1), откако го одбрани домашниот терен и по продолжението славеше со 88-80.
Дербито во „Стожице“ беше израмнетo од првата до последната минута. Првата четвртина беше најефикасна и заврши со минимална предност на „црвено-белите“. Евролигашот имаше одличен старт и во одредени моменти имаше и двоцифрена предност, но во финишот Цедевита се разигра и намали на само пет негатива.
Во втората четвртина играта на Црвена Звезда се распадна, постигна само 15 поени и тоа резулатираше со намалување на домашната негатива и на полувреме се замина со 43-44 за белграѓани. И по паузата, словенечкиот шампион беше тој кој играше подобра кошарка и за првпат го презеде водството и го чуваше до самиот крај, кога Митровиќ со звукот на сирената погоди за продолжение (76-76). Во дополнителните пет минути фавориот одново потфрли и со само четири постигнати поени заслужено загуби со 88-80.
Муриќ со 21 поен и седум скока беше прв стрелец во редовите на Цедевита, а кај поразениот тим Добриќ запиша 15, а Волтерс 14 поени.