Олимписка ждрепка: Србија во иста група со „дрим-тимот“ на САД!

Репрезентациите на Србија и на Соединетите Американски Држави се најдоа во истата група за кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз! Легендарниот Кармело Ентони беше човекот кој ги извлече двете селекции на ждрепката во Швајцарија и ги смести во истата група, што ветува огромен спектакл уште во раната фаза од натпреварувањето. 

Навивачите се во делириум и очекуваат вистинско мега-дерби меѓу двата најголеми фаворити за златниот медал, а во двата тима ќе настапат огромни ѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и останатите. Кај Србија уште е неизвесен настапот на Никола Јокиќ, но се претпоставува дека центарот решил комплетно да се стави на располагање на националниот тим. 

Соединетите Американски Држави ќе допатуваат со нов „дрим-тим“ кој е решен по секоја цена да го врати златниот медал во своја сопственост. Но, и Србија сигурно ќе има свои адути и нема лесно да се откаже од битката за највисок пласман. Во истата група ќе биде и Јужен Судан, а последниот учесник ќе биде познат по квалификацискиот турнир во Порторико, каде најголеми фаворити ќе бидат Литванија и Италија

Група А: 
Австралија, победник од квалификациски турнир во Грција, Канада, победник од квалификацискиот турнир во Шпанија.

Група Б: 
Франција, Германија, Јапонија, победник од квалификацискиот турнир во Летонија.

Група Ц: 
Србија, Јужен Судан, победник од квалификацискиот турнир во Порторико, САД.

Групната фаза ќе се игра во Лил, а завршницата во Париз.