ВИДЕО: Олдриџ со 56 поени ја сруши Оклахома по продолженијата, Вестбрук со историски „трипл-дабл“

Олдриџ

Еден од најинтересните натпревари во тековната НБА сезона се одигра вчера во Тексас, а во истиот Сан Антонио по две продолженија ја совлада екипата на Олахома Сити (154-147). Епскиот судир беше одбележан по рекордната вечер во кариерата на ЛаМаркус Олдриџ, кој го заврши мечот со 56 поени и девет скока. На спротивната страна, Расел Вестбрук одигра феноменално и запиша несекојдневен „трипл-дабл“ учинок - 24 поени, 14 скока и 24 асистенции.

Лидерот во Западната конференција, Денвер Нагетс, продолжи да реди победи и славеше на домашен терен против ЛА Клиперс (121-100). Српскиот центар Никола Јокиќ одигра уште една партија за паметење и запиша 18 поени, 14 скока и десет асистенции. Одличната прва четвртина, во која што домашната екипа направи двоцифрена разлика, беше клучна за конечниот успех.

Тивката ноќ на ѕвездите на Бостон ја искористи Мајами (115-99) за да ја израдува својата публика со уште еден триумф. Ветеранот Двејн Вејд со 19 поени од клупата за резерви ја предводеше листата на стрелци на „жешките“, кои стигнаа до 20 победи и исто толку порази во новата сезона.

Последниот меч донесе славје на Сакраменто во дуелот со Детроит (112-102).