Оладипо нема да учествува на рестартот на НБА лигата

Оладипо

Ако се биде според планот, НБА сезоната ќе продолжи во Орландо на крајот од јули.

Некои од кошаркарите одлучија да не бидат дел од продолжението, а Виктор Оладипо ќе ја искористи пендемијата и нема да патува со екипата на Индијана Пејсерс. Ризикот од нова повреда и стравот од коронавирусот беа главните причина за оваа негова одлука.

„Би сакал да се фокусирам на моето здравје и оваа одлука не беше лесна. Мислам дека најдобро за мене ќе биде да се подготвувам да бидам на најдобро ниво за сезоната 2020/21“, изјави плејмејкерот на тимот од Индијанаполис.

Двојниот „Ол-стар“ учесник настапи на 13 средби пред прекинот на сезоната поради коронавирусот. Претходно, речиси една година беше надвор од терените поради сериозна повреда на десното колено.