„Ол-старот“ ќе добие нова димензија: САД против остатокот од светот?

Наскоро би можеле да видиме нов концепт за Ол-стар натпреварот во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА. Како што пишува Шамс Чаранија, сега кошаркарски фанови би можеле да го добијат она што го посакуваат со години. Имено, планот е да се одржи судир меѓу Американците и остатокот од светот.

Според него, од 2026 година, натпреварот ќе се игра по принципот на три тима од по осум играчи, од кои два ќе бидат составени од домашни кошаркари, Американци, а еден од остатокот од светот.

Засега, постои позитивно мислење за тоа, но сè уште нема официјална потврда. Овој натпревар би можел да донесе нова димензија на Ол-стар спектаклот.