• Горан Упале

Со тројката на Окор на една секунда до крајот, Кливленд Кавалирс направи голем пресврт и победи на гостувањето кај Бруклин Нест со 114-116 во дерби натпреварот од Источната конференција на НБА лигата.
На само две минути до крајот, Нетси имаа осум поени предност 112-104 и се чинеше дека одат кон сигурна победа. Сепак, во клучен момент се разиграа Леверт и Мичел и го донесоа својот тим на само поен минус на 11 секунди до крајот. Откако Мичел го промаши вториот шут за израмнување, Леверт со офанзивен скок ја собра топката и го проигра Окор, кој погоди тројка за големо славје и триумф на Кавалирси.
Мичел со 31 поен беше најпрецизен во победничкиот табор, додека за домаќинот се истакна Бриџис со 32.
Лос Анџелес Клиперс одигра одлично второ полувреме и ја победи Оклахома со 127-105 и тоа без повредениот Пол Џорџ. Каваи Ленард постигна 32 поени, запиша шест скока и шест асистенции, а го следеше Вестбрук со 24 поени и седум асистенции. Гилгес Александар ги предводеше гостите со 30 поени.
Орландо на домашен терен ги изненади Никси со 111-106 во натпревар во кој дури шест играчи на „магичните“ имаа двоцифрен учинок, предводени од Банкер, кој постигна 21 поен. Грајмс и Квикли со по 25 поени беа најефикасни кај Никси.
Њу Орлеанс ги одржа надежите во плеј-офот со убедливата победа над Шарлот 115-96.
Инграм оствари „трипл дабл“ со 30 поени, 11 скока и 10 асистенции, а одлични беа и Валанчиунас со 20 поени и 19 скока и МекКалум со ист поентерски учинок.