ВИДЕО: Оклахома само за едно полувреме го „отсвири џезот“

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го совладаа тимот на Јута Џез со 110-94 во еден од неколкуте вечерашни натпревари во Орландо, во рамките на регуларниот дел на НБА лигата, по рестартот по четиримесечната пауза.

Беше јасно дека триумфот ќе му припадне на Тандерси уште по првата четвртина, која екипата на Били Донован со фуриозна игра ја доби со 29-15. Сепак, Оклахома не застана тука, па отиде на голем одмор со огромни +24 (56-42). Во вториот дел фаворитот рутински ја заврши работата и извојува победа од 16 разлика.

  • Извештај од натпреварот: 

Најефикасен кај победниците беше Ше Гилгес-Александар со 19 поени, Крис Пол додаде 18 и седум асистенции, а Стивен Адамс крај своето име запиша 16 и 11 скокови. Во редовите на Јута, Донован Мичел беше одличен со 13  поени (5/15 од игра), Мајк Конли даде 12, а Џордан Кларксон беше автор на 11 поени.