ВИДЕО: Оклахома остана максимална, Дејвис и Леброн донесоа ново славје на Лејкерси

Богатата НБА програма ноќва понуди многу возбудувања. Оклахома Сити Тандер остана на максимален ефект (5-0) откако славеше на гостувањето кај Портланд Треил Блејзерс (114-137). Шеј Гилџус-Александар одново беше најдобар поединец на Тандерс со 30 поени на своето конто, а му помогна Вилијамс со 22. Грант кај Портланд се истакна со 17 поени. 

  • Портланд Треил Блејзерс - Оклахома Сити Тандер:

Лос Анџелес Лејкерс се радуваа на гости во главниот град на Канада. Тимот од Калифорнија слави со 125-131 против Торонто Репторс. Одлична партија имаа првите ѕвезди на „езерџиите“, Ентони Дејвис уфрли 38 поени и фати 12 скока, додека Леброн Џејмс заврши со 27 поени и десет асистенции. Во таборот на Торонто се итакнаа Берет со 33 и Дик со 31 поен.

  • Торонто Репторс - ЛА Лејкерс:

Минесота дома успеа да го совлада Денвер (119-116). Тимберволвси го одбранија домашниот терен и ја забележаа третата сезонска победа. Арон Гордон уфрли 31 поен и фати 11 скока, додека на чекор од „трипл-дабл“ беше Никола Јокиќ (26 поени, 13 асистенции, девет скока). Кај Минесота се истакна Едвардс со 29 поени, а 23 уфрли Рендл.

  • Минесота Тимбервулвс - Денвер Нагетс:

На останатите терени Бостон славеше кај Шарлот (109-124), Кливленд беше подобар од Орландо (120-109), Њујорк беше убедлив во Детроит (98-128), Сакраменто триумфира против Атланта (115-123) и Њу Орлеанс дома се радува против Индијана (125-118).