ВИДЕО: Оклахома и без Вестбрук го преслуша непрепознатливиот Кливленд

Оклахома Сити Тандер знае да победува и без Расел Вестрбрук. Без повредената своја прва ѕвезда, кошаркарите од Оклахома се вратија со полн плен од гостувањето во Охајо во домот на Кливленд. Шестата победа на Тандерси сезонава е извојувана со триумф од 86-95.

Кавалирси постојано го ловеа водството на ривалот, но не успеаја ниту да се заканат и изнудат драматичен финиш. 

Денис Шроедер со 28 поени и седум скокови беше прво име во победничкиот тим, а комплетен натпревар одигра Пол Џорџ, кој крај своето име запиша 18 поени и пет скока.

Десеттиот пораз во 11 мечеви, вицешампионот не можеше да го избегне и покрај одличната паија на Колин Секстон, кој запиша 15 поени, а Џеј Ар Смит го следеше со 13 поени.