Оклахома го отпушти Алекс Абринес

Раководните луѓе на Оклахома Сити Тандер се решија да ја прекинат соработката со Шпанецот Алекс Абринес, кој сега станува слободен играч и ќе можe да бара свој нов ангажман.

Абринес од 23 декември одигра само два натпревари за „громовите“, а причината за неговиот отказ не е обелоденета. Оваа сезона одигра вкупно 31 наторевар и бележеше просечни 5,3 поени и 1,5 скока.

Оклахома поранешниот играч на Барселона го избра како 32-ри пик на драфтот во 2013 година, а во тимот е од 2016 година.